Судии за ПМФЛ: Стојчевски ќе им суди на Вардар и Шкупи, Пројковска “главна“ под Шара, Пилешков во Струга!

376

В сабота се играат сите мечеви од 14.коло во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на овие мечеви. Најинтересно би требало да биде на Арената “Тодор Проески“ во Скопје каде играат Вардар и Шкупи. Во скопската пресметка главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. Ивана Пројковска, исто од Скопје, е одредена да го води мечот меѓу Шкендија и Брера, додека во Струга каде играат шампионот проив лидерот, главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 14.КОЛО – САБОТА (13 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Беса (Влатко Илиоски – Прилеп)

Струга: Струга ТЛ – Работнички (Димитар Пилешков – Штип)

Тетово: Шкендија – Брера (Ивана Пројковска – Скопје)

Кратово: Силекс – Пелистер (Ндерим Тефику – Куманово)

Скопје: Вардар – Шкупи (Игор Стојчевски – Скопје)

Скопје: Гостивар – Воска (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

ПретходноВардар, ФФМ и МВР одржаа состанок пред градското дерби против Шкупи
СледноМакедонија У15: Втор пораз од Србија