Украинките доминираа во Скопје, трет пораз на кошаркарките

56

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го забележа третиот пораз во квалификациите за Евробаскетот 2025, откако вечерва загуби на домашен терен, убедливо од селекцијата на Украина со 49:98

Украинките одиграа доминантен меч и во ниту еден дел не дозволија да се случи нешто неочекувано. До половина од вториот период Украина веќе имаше предност од 34:17. Ние не успевавме да ја пробиеме високата, и пред се, цврста одбрана на украинската селекција во тоа прво полувреме во кое Украина се одвои и на 49:21, а потоа и 52:23.

Украинките немаа намера да попуштат во одбраната, а во третиот период растеше нивната предност. Во последните 10 минути се обидовме да фатиме некаков приклучок и да ја намалиме разликата за конечни 49:98. Митрашиновиќ имаше 17 поени, Хемпе заврши со 16 поени, а Стојановска помогна со шест. Во недела, на истото место, во СРЦ „Кале“, во истиот термин, 18 часот, играме против репрезентацијата на Португалија.

ПретходноСловенците не дозволија изненадување, лесна победа над Литванија
СледноДешамп повторно не го повика Мбапе во репрезентацијата на Франција