Ц. Звезда лесно до победа против Алба

44

Кошаркарите на Црвена звезда убедливо ја совладаа Алба со 92:71 во првиот вечерашен дуел од осмото коло од Евролигата. Избраниците на Јанис Сферопулос водеа од почеток до крај и на крајот рутински победија против тимот кој во минатото често знаеше да победи во Белград.

Звезда ја прекина црната серија од четири порази и сега е со скор 4-4, додека Алба остана на еден триумф во осум меча.

Најефикасен кај победниците беше Коди Милер-Мекинтајр со 15 поени, Филип Петрушев постигна 14 поени, а Никола Калиниќ 13. Кај Алба се истакна Габриеле Процида со 25 поени.

ПретходноКЛ: Легија и Рапид со 100% ефект и по третото коло
СледноНов пех за 76-ките: Ембид се враќа, но се повреди Макси