Бобан Илиоски го нокаутираше Гркот Филис и обезбеди финале на ЕП во Атина (ВИДЕО)

361

Нашиот кик-боксер Бобан Илиоски се пласираше во финалето на Европското првенство за сениори во Атина, Грција со импресивна полуфинална борба во која со нокаут го совлада грчкиот ривал Филис Христос.

Илиоски ќе се бори за златниот медал и за противник ќе го има Полјакот Нивегловски, кој во полуфиналето со 3:0 беше подобар од Босанецот Добријевиќ.

Вчера Стефан Михајловски освои бронзен медал за Македонија.

 

ПретходноАндоновски е нов лев бек на Тиквеш
СледноМората хоспитализиран по судирот на тренинг