Фудбалската репрезентација на Летонија денеска го објави списокот на фудбалери со кои треба да допатува во Скопје на мечот со Македонија во претпоследното коло во циклусот од Лигата на нации. Летонците на 14 ноември ќе ни гостуваат во Скопје, а селекторот Паоло Николато повика 25 фудбалери за последните два меча кои Летонците ќе ги одиграат овој ноември. Во споредба со октомврискиот собир, на списокот на Николато има само едно ново име – Оскарс Виентиес од екипата на ФК „Мета“.