Никола Јокиќ блескаше во дербито на Западот. Денвер доби уште еден натпревар со драматична завршница, овој пат против непоразената Оклахома од 124:122. Ова е голем успех за Јокиќ и Нагетс бидејќи го победија најдобриот тим на конференцијата иако играа без клучните играчи Џамал Мареј и Арон Гордон, а во третата четвртина имаа негатива од 15 поени. Српскиот феномен постигна 23 поени (9/20 шут од поле) со дури 20 скока и 16 асистенции.
Joker tonight:
23 PTS
20 REB
16 AST
2 STL
2 BLKJoins Russ as the only player over the last 40 seasons with a 20/20/15 game. pic.twitter.com/ggAX1S03sC
— StatMuse (@statmuse) November 7, 2024
Во последните 40 години само Расел Вестбрук во најсилната лига на светот одигра натпревар со учинок од 20/20/15 во клучните категории. Подвигот на Јокиќ е уште поголем бидејќи по само три четвртини стигна до трипл-дабл за историја на НБА. Мечот за аналите го заокружи со по две украдени и блокади.
Ова е четврти трипл-дабл за Јокиќ во осум натпревари сезонава и 134-ти трипл-дабл во неговата НБА кариера, па се доближи многу блиску до подиумот. Меџик Џонсон, третиот најуспешен во категоријата резервирана за велемајстори, има 138 вакви настапи во кариерата. На второто место е Оскар Робертсон со 181 ваков натпревар, додека прв на вечната листа е споменатиот Вестбрук со 199 натпревари со трипл-дабл.
Токму Вестбрук, соиграчот на Јокиќ од пред четири месеци, го одигра најдобриот натпревар против Тандер откако е во Денвер. Постигна 29 поени (10/15 од поле) со по шест скока и асистенции. Вреди да се истакне и играта на животот на Кристијан Браун (24 поени, 8 скока), а исто толку постигна и Портер.
Резултати НБА:
Шарлот – Детроит 108:107
Индијана – Орландо 118:111
Атланта – Њујорк 121:116
Бостон – Голден Стејт 112:118
Хјустон – Сан Антонио 127:100
Мемфис – Л.А. Лејкерс 131:114
Њу Орлеанс – Кливленд 122:131
Далас – Чикаго 119:99
Денвер – Оклахома 124:122
Феникс – Мајами 115:112
Л.А. Клиперс – Филаделфија 110:98
Сакраменто – Торонто 122:107