Беса и Захариевски во завршни преговори

438

Срѓан Захариевски очигледно дека само неколку дена ќе биде без работа. Откако си замина од Вардар, каде што беше се до дуелот со Пелистер минатото коло, сега е многу блиску до преземање на кормилото на тимот на Беса.

Екипата од Добри дол мака мачи со резултатите сезонава, промени неколку тренери, а сега очигледно смета дека спасот е токму досегашниот тренер на Вардар.

Беса сезонава веќе ја водеа Таневски, па Бурим Садики како в.д и Берат Имери. И тој си замина по последниот неуспех, по што управата се в пушти по нова потрага.

Тимот на Беса во моментов е на деветтата позиција на табелата со 12. бодови и е на само едно место од опасната зона. Има четири порази по ред, три во шампионатот и еден во купот, и ситуацијата е алармантна, особено за тим кој имаше високи амбиции пред стартот на сезоната.

 

ПретходноСимиќ е нов член на ТФТ
СледноБобан Илиоски е најдобар во Европа