Бобан Илиоски е најдобар во Европа

320

Бобан Илиоески е освојувач на европската титула во кик бокс откако предмалку во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција, го совлада во финалето европскиот првак, Ерик Нивегловски од Полска.

Нашиот борец ја одбрани шампионската титула и златниот медал од пред две години против и покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.

„Полјакот беше Физичи многу јак борец, но му ги најдовме слабите страни. Боби го скенираше од предходните негови борби и примени тактика со која многу не се замараше, а му направи голема предност и го победи“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко па додава.

„Боби станува се поискусен борец, проценувајќи ги противниците за кого колку му е потребно да се напрегне за да ги совлада. Се напрега чувствувајќи ја силата, а во исто време и да се чува од повреди. По вторпат е европски првак“  – изјави селекторот.

Покрај златниот медал на Илиоски, Македонија има и бронза кој завчера ја освои Стефан Михајловски.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кик бокс:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Ерик Нивегловски (Полска) 2-1

 

 

ПретходноБеса и Захариевски во завршни преговори
СледноОнана: Сакаме Ван Нистелрој да остане, но ние не одлучуваме