Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ е нов член на тимот на ТФТ. Откако мина извесен период како интернационалец во Шпанија односно Босна, Симиќ се враќа во домашниот шампионат.
Искуството од Барселона каде што замина како дете, на 14 годишна возраст, како и играњето во Борац Бања Лука односно тимот на Прат секако дека за ТФТ ќе биде од големо значење.
Некогашниот мега талент, за кого Македонија имаше огромни очекувања сега ќе треба истото тоа да го потврдува одново што се вели затоа што Симиќ веќе има 20. години, а се враќа во домашниот шампионат.
ТФТ веќе има два репрезентативци во своите редови, во имињата на Николов односно Мекиќ.