Ја направи грешката на животот… среде „Рајко Митиќ“ со тренерка на Барселона (ВИДЕО)

625

Во рамките од новото коло на Лигата на Шампионите, во средата во Белград гостуваше големата Барселона кај Црвена Звезда. Спектакл за мерак, меч преполн голови, навивање, и кореографија за аналите.

Уживаа сите. Речиси сите. Еден „луд“ навивач на Барселона, од само нему познати причини влезе на стадионот, поточно на трибината каде што се навивачите на Црвена Звезда со тренерка на Барселона. Зошто го направи тоа, ќе треба самиот да каже, а не треба да ви објаснуваме многу што потоа му се случи. Двајца маскирани навивачи на Звезда му пријдоа, и му ја соблекоа тренерката.

Што сакаше да постигне овој навивач само тој си знае, и како планираше да помине освен вака навистина не е јасно. Да, по некоја логика на нештата и не треба да му се случи ништо, но ова е Балкан и такви работи едноставно не поминуваат. Момче, памет за друг пат.

@ayi4658

Barca Fan surrounded by 60k Serbians#barcelona #redstar #belgrade #delije #ultras #fyp #lamineyamal #championsleague #footballtiktok #brawl

♬ original sound – Ultras World

 

ПретходноСрбија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство
СледноАртета: Со Рајс или без ние одиме на победа против Челзи