Артета: Со Рајс или без ние одиме на победа против Челзи

66

Тимот на Арсенал е под сериозен резултатски притисок, затоа што нема победа на последните три мечеви во домашниот шампионат, а згора на тоа загуби и во Лигата на Шампионите против Интер.

Сега, викендов момците на Михаел Артета излегуваат на мегдан против Челзи, а сеуште не е јасно дали на овој меч ќе настапи Деклан Рајс.

„Деклан сеуште нема тренирано и не можам да кажам дали ќе игра. Хаверц и Мерино исто така се под знак прашалник“ – рече Артета околу повредените играчи па се осврна и на резултатите.

Не размислувам дали уште еден пораз ќе значи крај на нашата борба за титулата. Никој не работи понапорно од мене, тоа ви го гарантирам. Не ни треба ресетирање од нулаНема да бидат потребни 100 поени оваа сезона. Ќе биде потребна перфектна игра за да продолжите да победувате. Играчите внимаваат, гладни се, сакаат да работат, нивната желба е неверојатна. Со нив е радост да се работи. – додаде Шпанецот.

Мечот со Челзи се игра в недела од 17 00 часот.

 

ПретходноЈа направи грешката на животот… среде „Рајко Митиќ“ со тренерка на Барселона (ВИДЕО)
СледноТрапановски и дефинитивно во “аут,“ селекторот Милевски ќе мора да повика друг играч!