Еве за колку малку Родри го победи Винисиус во трката за “Златната топка“! (ФОТО)

197

По две недели откако Родри ја доби „Златната топка“, се дозна за колку малку играчот за врска на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, ја добил трката против Винисиус Жуниор.

Познато е дека во гласањето учествуваа новинари од 100 земји во светот а во тоа гласање Родри добил 1.170 поени а Вини 1.129. Во прашање се само 41 поен за Шпанецот.

Ова го објави Л`Екип, кој ги објави официјалните резултати за најконтроверзната „Златна топка“ во историјата.

На третото место е Џуц Белингем, па следуваат Дани Карвахал и Ерлинг Халанд.

Image

ПретходноХаос е во Реал: Дон Карло им држи состаноци на играчите по 2-3 часа, а Мбапе веќе „удри“ по него!
СледноКК Кожув му “врати“ на КК Пелистер: Битолски срам во режија на Марјан Илиевски!