Вистинска “бомба“ или “земјотрес“ денеска во Серија А по најавата дека Роберто Манчини, легендата на Лацио и како фудбалер и како тренер, се враќа во Рим, но не меѓу „лацијалите“ туку како тренер на вечниот ривал, на Рома.
Познато е дека Рома во последно време мака мачи со тренерите, сегашниот стратег Хрватот Иван Јуриќ е пред отказ а раководството на Рома го посакува токму Манчини, кој во последната година беше селектор на С. Арабија каде пред неколку дена доби отказ.
Инаку Манчини беше и селектор на Италија со која става европски првак, потоа беше тренер на Зенит, Манчестер Сити, Интер, Фиорентина…
Секако дека ако Манчини навистина се врати на “Оллимпико“ и седна на клупата на Рома, фановите на Лацио нема воопшто да бида воодушевени.