Реал Мадрид загуби два меча по ред. По Барселона со 0:4 на „Сантијаго Бернабеу“, Милан изненадувачки славеше и во Лигата на шампионите, што автоматски го вклучи алармот.
Веднаш почнаа шпекулациите дека Карло Анчелоти е пред отказ, особено откако на трибините беше снимен Зинедин Зидан, кој секогаш е поврзуван со Реал.
Исто така со месеци се шпекулира дека нов тренер ќе биде Чаби Алонсо, па секој пораз буди одреден немир. Самиот Анчелоти изрази загриженост.
„Треба да се грижиме бидејќи тимот не игра добро. Треба да бидеме поцврсти, покомпактни. Примивме многу голови. Реалноста е она што го гледате на теренот, а тоа е дека нешто ни недостига“, изјави Анчелоти по поразот од Милан.
Според шпанските медиуми, соблекувалната на Реал предводена од капитените Модриќ и Карвахал ја донела својата одлука за тренерот до крајот на сезоната.
Играчот од средниот ред и дефанзивецот решија да му дадат максимална поддршка на Анчелоти и сметаат дека Италијанецот е најдобрата опција за тренер на Реал и дека ништо не треба да се менува.
Пораката од соблекувалната е и јасен знак Перез да продолжи да се држи до трофејниот специјалист кој треба да бара решение за решавање на одредени проблеми.
На Анчелоти секако не му помагаат големиот број повредени играчи, меѓу кои и самиот Карвахал, што особено се чувствува во одбраната.
Иако Италијанецот смета дека се е во ред со нападот на теренот, тоа всушност не изгледа така бидејќи Килијан Мбапе и Винисиус се уште не можат да најдат „клик“ меѓу нив, додека се чувствува и отсуството на Родриго.
Реал во сабота ќе игра со Осасуна. Тоа ќе биде одлична можност за кралскиот клуб да ги надоместат лошите резултати во последно време.