Мурињо е суспендиран поради изјава!

165
Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Минатиот викенд Фенербахче го победи Трабзонспор со 3:2 на гостински терен во дербито од 11. коло на турскиот шампионат. Тренерот на победничкиот тим Жозе Мурињо диво ја прослави победата на теренот, па сега доби казна од 58.800 турски лири (околу 2.500 евра).

Образложението е неспортско однесување кон противничките навивачи и изјавите по натпреварот на Мурињо во кои тој ги нападна судиите и тврдеше дека работат за Галатасарај. Судијата досуди два пенали за Трабзонспор, а Фенербахче победи во 12. минута од судиското надополнување. По натпреварот Мурињо изјави:

„Главниот човек на натпреварот беше Атила Караоглан (судија на ВАР). Невидливиот човек. Главниот судија е само дете. Атила Караоглан е човекот на натпреварот. Не сакаме да го видиме во нашиот натпревар повеќе не го сакаме како ВАР судија. Пред да дојдам тука бев информиран за сето ова, не верував во тоа, но сега гледам дека е дури полошо од тоа. 

Играме против системот. Се бориме против систем кој е во служба на еден клуб. Зборувам за сите навивачи на Фенербахче кога го кажувам ова. Затоа вака ја прославивме победата. Пред да дојдам ми ја раскажаа половина од приказната, да ми ја раскажеа целата приказна, немаше да дојдам“, рече Мурињо. 

ПретходноДимитријевиќ по фантастичната партија: Направивме неверојатна работа!
СледноЃоковиќ откри кога се враќа на терените!