Од понеделник билетите за Летонија и Фарски острови во продажба

100

Македонската фудбалска репрезентација има пред себе два дуела од Лигата на Нации, последни во оваа Лига на Нации.

Мечевите против Летонија (14. ноември, 20:45) и Македонија – Фарски Острови (17. ноември, 15:00 часот) ќе ни бидат приоритет во обидот да ја освоиме групата и да заминеме во Б дивизијата за следниот циклус.

Па така, од ФФМ најавија дека од понеделник се почнува со продажба на билетите по цена од 200 односно 400 денари во зависност од трибината и секторот секако.

И репрезентативците но и самиот селектор Благоја Милевски на прес конференцијата одржана пред два дена изрази желба стадионот да биде полн и повика на масовност во бодрењето на фудбалската репрезентација на Македонија.

ПретходноНајавите се остварија: Леброн и Брони се разделија!
СледноНајдовски и Размовски доаѓаат да играат за Македонија