Олимпијакос како гостин славеше против Пао, Барса без проблеми со Басконија!

61

Вечерва се одиграа последните мечеви од 8.коло во Евролигата. Јасно е дека сите погледи беа свртени којн Атина каде се играше дербито на Грција меѓу Панатаниакос и Олимпијакос. Овој меч како гостинска екипа го добија “црвено – белите“ со 89:94.

Олимпијакос во текот на целиот меч беше подобар, знаеше што сака, додека актуелниот европски шампион не беше на своето потребно ниво. Имаа шанса домашните да победат, во последната четвртинс, но на крајот сепак беа поразени.

Фурние со 22 поени беше најдобар кај победничкиот состав, додека кај Пао тоа беше Нан со 20 поени. Па така сега и двете екипи имаат скор од 5 победи и 3 порази.

На останатите средби постигнати се следните резултати:

Ефес – Монако 69:81

Асвел – Фенербахче 73:77

Барселона – Басконија 91:68

Виртус – Макаби Тел Авив 84:77

ПретходноНеверојатно: Барса потпиша договор вреден 1,7 милијарди евра!
Следно„Земјотрес“ во Серија А: Манчини се враќа во Рим, но не во Лацио!