Вечерва во Битола, на отворањето на 6.коло во нашата елитна лига, Пелистер како домаќин успеа со 110:93 да го победи составот на Феникс 2010. Ова беше рутинска победа на битолчани, кои освен во првиот период, во текот на целиот меч беа далеку поквалитетен тим и на крајот заслужено славеа со +17 поени разлика.
Во првата четвртина гостите како да покажаа заби што се вели, ја добија со 24:26, но потоа Пелистер заигра како што треба и се одеше на тоа дека ќе забележи убедлива победа, што на крајот и се оствари. Посебно во втората четвртина која ја завршија со +15 поени. Феникс 2010 во продолжение од мечот се обиде да се врати, го доби третиот период со 21:27, но кога беше најпотребно, во последните 10 минути од овој меч домашните немаа намера да дозволат било какво изненадување па на крајот, како што веќе истакнавме, победија со 110:93.
Мишковиќ со 30 поени одигра екстра партија кај победничкиот состав, додека кај гостите со Митревски со 18 поени беше најзабележителен.
Ова беше петтиот триумф на битолчани во шестиот меч во новата сезона.