Сензационално: Пеп Гвардиола на клупата на Бразил?!

135

Пеп Гвардиола сеуште дефинитивно се нема официјално изјаснето дали ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити. Познато е дека актуелниот договор му истекува по завршувањето на сезоната и тој има ултиматум од страна на раководството на “граѓаните“ до крајот на оваа година да се изјасни.

Најновите информации од Островот велат Пеп најверојатно ќе остане во Сити уште една сезона, а потоа ќе ја прифати понудата од страна ФС на Бразил, да биде селектор на оваа селекција.

Имено се говори дека контактиоте, односно заинтересираноста на двете сттрани за соработка траеле уште од времето кога тој бил тренер на Барса.

Пеп не крие дека еден ден би сакал да биде селектор на некоја репрезентација, а ако се знае дека Англија ја презеде Германецот Томас Тухел, тогаш оваа варијанта со Бразил и не е така неможна.

ПретходноТеодор Николовски: Работнички ќе се надигрува со шампионот!
СледноНеверојатно: Барса потпиша договор вреден 1,7 милијарди евра!