Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство

117

И тоа не било кое туку она фудбалското до 21. година. Ова го објавија медиумите во Србија, а се работи за оној шампионат кој што е планиран да се одржи во 2027 година.

Веќе неколку месеци оваа идеја е на маса, Србија и Албанија веќе се сериозно на линија на оваа тема, и кандидатурата е подготвена. Доколку истото се случи, Албанија би била домаќин на отворањето, додека Србија би го организирала финалето. Истото би се играло на тогаш веќе готовиот комплекс во Сурчин каде што се гради големиот национален стадион во Србија.

Покрај оваа информација, од Србија доаѓа и веста дека оваа репрезентација има и нов селектор во името на легендата Александар Коларов. Тој има задача всушност и да ја подотви генерацијата која што би била автоматски пласирана за овој турнир.

 

ПретходноИзраел ги лоцираше сите нападнати навивачи во Амстердам
СледноЈа направи грешката на животот… среде „Рајко Митиќ“ со тренерка на Барселона (ВИДЕО)