Теодор Николовски: Работнички ќе се надигрува со шампионот!

88

Утре во рамките на 14.коло во ПМФЛ, лидерот, тимот на Работнички кој досега е единствен во новата сезона кој нема пораз, веројатно ќе го има најтешкото гостување оваа есен.

Момците на стратегот Горан Станиќ му гостуваат на шампионот, на тимот на Струга ТЛ. Тим кој на послените три тешки гостувања освои седум бода и сега е само на -3 бода од Работнички.

Јасно е дека ова ќе биде тежок меч, но и екстра важен, како за Струга ТЛ така и за Работнички.

Во пресрет на утрешното гостување во Струга, свој коментар има младиот играч за врска на Работнички, Теодор Николовски кој има само 18 години:

Нѐ очекува нов голем предизвик, гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Тие имаат одличен тим и заслужуваат респект, но и ние со голема самодоверба патуваме во Струга. Ќе биде тоа еден тежок натпревар и сигурно дека ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за надигрување и веруваме дека и по ова коло ќе останеме лидери на табелата во Првата лига.“

ПретходноШокантно: Мбапе нема да игра за Франција додека Дешамп е селектор?!
СледноСензационално: Пеп Гвардиола на клупата на Бразил?!