Во тимот на Реал Мадрид очигедно е дека владее хаос. По поразите од Барселона и Милан, и тоа убедливи, се чини дека тренерот Карло Анчелоти ги губи конците. Ако до пред некој недела тој беше недопирлив, сега Италијанецот е пред отказ, барем според медиумите во Шпанија.
Инаку вчера Дон Карло се обидел да покаже кој е кој, па по тренингот тој не ги пуштил дома играчите туку во тренинг центарот им одржал состанок кој траел и повеќе од два часа.
Од друга страна Килијан Мбапе станува нестрплив. По лошите игри на Реал и тој се вклопи во сивилото, а тој е една од главните причини, го дигнал гласот и му порачал на Дон Карло дека тој едноставно не е тоа што треба да биде како централен напаѓач туку тој најдобро се снаоѓа на левата крилна позиција, а таму неприкосновен е Винисиус Жуниор.
И ете ти проблем…