Ашаданов: Го оставаме овој меч зад себе, убеден сум дека ова не е најдоброто од нас!

36

Македонската женска кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до првата победа во квалфикациите за ЕП 2025, откако на домашен терен беше совладана од Украина со убедливи 98-49.

Селекторот Александар Ашаданов немаше причини задоволство, Македонија по третото коло од квалификациите од „Г“ групата останува без реализирана победа.

Како клучен фактор за поразот селекторот на нашата женска сениорска репрезентација го наведува физичкиот момент.

„Најпрво, сакам да и честитам на противничката екипа и да им посакам среќа во понатамошните натпревари. Клучен момент на натпреварот е физичката игра. Сепак, ова е натпреварување каде контакт-играта е една од најважните работи. Ние не возвративме на противничката екипа како што тоа тие го правеа во текот на целиот натпревар. Оние 11. офанзивни скокови на полувремето се премногу доколку сакаш поволен резултат.

Но ќе го оставиме ова позади себе, ќе анализираме и со бистри глави ќе се подготвуваме за следниот противник. Знам, и уверен сум дека ова не е најдоброто од нас“– коментира Ашаданов.

Нашите кошаркарки имаат два дена за рехабилитација бидејќи во недела ги чека нов меч, против Португалија на домашен терен.

ПретходноНејмар може да се врати во тимот каде што играше како младинец
СледноНајавите се остварија: Леброн и Брони се разделија!