КК Кожув му “врати“ на КК Пелистер: Битолски срам во режија на Марјан Илиевски!

115

Еден ден по соопштението на КК Пелистер, денеска со реакција се јави и КК Кожув. Битолчани истакнаа дека инциденот бил предизвикан од страна на Едина Муса.

На ова КК Кожув одговори со свое соопштение до јавноста кое во го пренесуваме во целост:

БИТОЛСКИ СРАМ НА КОШАРКАТА ВО РЕЖИЈА НА МАРЈАН ИЛИЕВСКИ

На ден 02.11.2024 во Битола се одигра натпревар во рамките на првата македонска кошаркарска лига помеѓу КК Пелистер и КК Кожув.

Натпреварот имаше низа пропусти од организациски аспект,а заврши со силеџиското однесување и физички напад од страна на претставникот на КК Пелистер,Марјан Илиевски на првиот тренер на КК Кожув.

Со купени влезници членовите на управата на КК Кожув се држени на врата 20 мин.,а потоа спроведени во делот каде седи битолската публика.

Во 38 мин.од натпреварот кога КК Кожув го превзема водството 77-79 на трибината физички е нападнат член на управата на КК Кожув,а веќе во 39 мин. следува прекин на натпреварот.

По завршување на натпреварот претставникот на КК Пелистер, Марјан Илиевски во службените простории физички го нападна тренерот на КК Кожуф.

За настанот има пријава во МВР,направен е записник и очекуваме надлежните да постапат согласно законските регулативи.

Марјан Илевски Мац е срам за КК Пелистер и Битола,град со долга спортска традиција.

Неговото однесување и неговата режија нема да ги наруши пријателските односи со КК Пелистер кои се од 2010 год., периодот кога

КК Пелистер остана без главниот спонзор.

На крајот, сакаме да им ја честитаме победата на играчите на КК Пелистер и им посакуваме успешна сезона.

Благодарност до судиската тројка за фер и коректното судење на натпреварот КК Пелистер – КК Кожув

Со почит Кк Кожув Гевгелија

ПретходноЕве за колку малку Родри го победи Винисиус во трката за “Златната топка“! (ФОТО)
СледноШокантно: Мбапе нема да игра за Франција додека Дешамп е селектор?!