Најдовски и Размовски доаѓаат да играат за Македонија

443

Репрезентацијата на Македонија до 21. година од 11 до 17 месецов ќе одржи селективен камп на кој селекторот Канатларовски ќе селектира репрезентативци од генерацијата 2004/05.

Голем дел од овие репрезебтативци ќе бидат дебитанти на дуелите против Косово, кој се дел од проверката, а има неколкумина и кои доаѓаат од странство.

Тука се мисли пред се на Стефан Јовановски   Славија Прага Чешка, Даниел Маркоски   Хелсинборг, Шведска Давид Даилоски   Венло, Холандија, Ардиан Османи   Цирих, Швајцарија, Џеладин Амедоски   Сион, Швајцарија, Бенан Хамидовиќ   Магдебург, Германија, Шенол Демировски   Удинезе, Италија Рајан Бербери   Стандарт, Белгија Леон Тасов   Мунстер, Германија и Матеј Момчиловски   Оријент, Хрватска. Огромен дел од овие за прв пат ќе го носат дресот на Македонија.

А кога сме веќе кај дебитантите, Спортспорт дознава дека за терминот во месец март следната година, присуство потврдиле уште од сега, два досегашни репрезентативци на Австралија со потекло од Македонија. Џејк Најдовски и Кејн Размовски.

Напаѓачот на Вестерн Јунајтед Најдовски има настапи за У20 селекцијата на Австралија, додека пак Размовски е дел од Мелбурн Виктори и игра на позицијата централен дефанзивец, но и десен бек.

 

ПретходноОд понеделник билетите за Летонија и Фарски острови во продажба
СледноПетровиќ: Нема да го потцениме Феникс, очекувам 40 минути добра игра