ПМФЛ: Шампионот на мегдан со лидерот, на Тиквеш му “гори“, Силекс сака нова победа!

382

Денеска се играат сите шест средби од 14.коло во ПМФЛ и тоа од 13 часот. Големото скопско дерби се игра на Арената каде се среќаваат Вардар и Шкупи.

Сепак дерби на колото е мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички, дуел меѓу шампионот и лидерот. Ќе може ли шампионот коконечно да му го нанесе првиот пораз на Работнички во оваа сезона? Останува да се види.

На Тиквеш му “гори“, денеска кавадарчани мораат ама баш мораат да слават со Беса. Во спротивно јасно е дека нема тоа да биде добро за овој тим кој оваа сезона е далеку од своите можности и амбиции.

Шкендија ја дочекува Брера, ете шанса тетовци да дојдат до победа и три бода. Сепак нема да биде лесно, струмичани се најнепредвидлива екипа во ПМФЛ и под Шара може да изненадат.

Силекс сака три бода, Силекс сака продолжување на победничката серија и Силекс сака да покаже дека не се шегува. Во Кратово гостува Пелистер, сепак се знае кој е кој во моментов.

Гостивар по победата над Шкупи на Чаир во минатото коло посакува со три бода денеска против Воска уште повеќе да ја валоризира таа победа на Чаир.

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА

Кавадарци: Тиквеш – Беса

Струга: Струга ТЛ – Работнички

Тетово: Шкендија – Брера

Кратово: Силекс – Пелистер

Скопје: Вардар – Шкупи

Скопје: Гостивар – Воска

ТАБЕЛА

Работнички 25, Шкендија 24, Силекс 24, Гостивар 24, Струга ТЛ 22, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 12, Воска 11, Тиквеш 9, Вардар 8…

ПретходноБуџетот на Реал Мадрид за следната сезона ќе биде 1,127 милијарди евра!
СледноПМФЛ: Вардар VS Шкупи во битка за Скопје!