Реал, конечно, блесна, но радоста ја скратија трите нови повреди (ВИДЕО)

248

Реал Мадрид, конечно, ја покажа својата вистинска сила и ја „растури“ Осасуна со 4:0 во првиот денешен меч од 13. Коло во шпанската Ла Лига.

Сепак, Анчелоти не е премногу срежен од тоа што се случуваше на мечот, затоа што Реал на листата на повредени додаде уште три имиња. Со хет-трикот на Винисиус Жуниор, Реал успеа да дојде до посакуваниот триумд (еден гол постигна и Белингем), но по само 20 минути игра, остана без Родриго кој го повреди десниот бутен мускул.

Само десет минути подоцна Милитао ја напушти играта во солзи, стравувајќи дека повторно ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Кон крајот на првото полувреме на повреда се пожали и Лукас Васкез, а на полувремето беше одлучено тој да остане во соблекувалната.

По овој натпревар Реал Мадрид е втор на табелата со 27 бодови.

ПретходноШкупи подобар од Тиквеш за втора сезонска победа
СледноПерез инсистирал Анчелоти да му даде повеќе шанса на Ѓулер