Македонскиот репрезентативец Фисник Алими со третиот сезонски гол успеа да и донесе нова победа на својата екипа Сепси во романскиот шампионат. На гостивањето кај екипата на Поли Јаши, Сепси славеше со 1:2, а Алими го постигна израмнувачкиот гол за гостите за 1:1.
Со оваа победа Сепси ја продолжи одличната серија од пет меча без пораз во романскиот шампионат.