Еден до наискусните возачи во Формула 1, пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, отворено го критикуваше слабиот квалитет на гумите на Пирели кои се користат на дожд. По трката за Големата награда на Сао Паоло, Алонсо вели дека пневматиците на Пирели не соодветствуваат со големината на натпреварувањето.
„Условите не беа идеални, но лошо е што немаме гуми кои одговараат на највисоката категорија на нашиот спорт. Кога врне слаб дожд, постојано се среќаваме со инциденти. Мислам дека Колапинто имаше несреќа дури и кога бевме зад безбедносното возило. Понекогаш не можете ни да го следите безбедносното возило. Ова мора да се подобри“, изјави двократниот светски шампион.