Буџетот на Реал Мадрид за следната сезона ќе биде 1,127 милијарди евра!

121
FOTO> Twitter;/ UEFA Champions league

Како што пренесува “Марка“, Реал Мадрид за оваа 2024 година прикажал добивка од 16 милиони евра. Приходите биле 1,073 милијарди евра што е за 230 милиони евра повеќе од последната година или сезона. Откако на таа сума ќе се одземат сите можни даноци, потоа плати и разно, се добива сума од 16 милини евра како конечна добивка. Само трошоците за даноци се преку 270 милиони евра, само бонусите за освојување на титулите во Ла Лига и ЛШ биле 40 милиони евра.

Се пренесува дека за наредната година, односно за сезоната 2025/26 буџетот на Реал Мадрид ќе биде рекорден и ќе изнесува неверојатни 1,127 милијарди евра.

Колку е тоа пати повеќе од буџет на клуб во Македонија со кој му се “гарантира“ титула во ПМФЛ, пресметајте сами.

Колкава е разликата од 2 милиони евра до 1.127 милијарди евра?

ПретходноЛевандовски сака нов договор со Барса, па и за далеку помала плата!
СледноПМФЛ: Шампионот на мегдан со лидерот, на Тиквеш му “гори“, Силекс сака нова победа!