Тимот на Виљареал успеа да ја оправда улогата на фаворит во домашниот дуел против екипата на Алавес и обезбеди победа со високи и убедливи 3:0.
Отпорот на гостите беше „кршен“ во 38. минута кога Акомач реализираше за домашни 1:0, а на удвојување на водството се чекаше дури до 81. минута. Парехо ги реши сите дилеми околу победникот, а во последната минута Комесана ги постави конечните 3:0.
Со овој триумф Виљареал секако дека остана на самиот врв на табелата со 24 бодови, додека Алавес ќе треба сезонава да се потруди за да на крајот на истата не се бори за опстанок. Во моментов има 13. бода и се наоѓа на 14. место.