Дерби на есента: Шампионот попладнево гостува во Штип

60

Попладнево во Штип ќе се одигра дербито на есенскиот дел од сезоната во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Дуелот на актуелниот шампион Струмица и освојувачот на купот, Штип УГД ќе биде и пресуден за изгледот на врвот на табелата во првата половина од натпреварувачката сезона.

Штипјани ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и да се обидат да го изненадат фаворитот, кој и минатата сезона имаше доста проблеми на овој жежок терен. Средбата почнува во 18 часот и ќе се одигра пред полни трибини на салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Кај дамите во рамките на 5. коло дербито е исто така од 18 часот, но овој пат во Скопје. Шампионот и лидер на табелата, Работнички, ја пречекува екипата на Наковски Волеј која ќе се обиде да и го нанесе првиот пораз на домашната екипа.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ – 5. КОЛО

17.30 Сушево – Шкендија

18.00 Штип УГД – Струмица

18.00 Весна Пробиштип – Јанта Волеј

18.00 ГОК Борец – Лирија

18.00 Скопје – Работнички 71&22

19.30 Македонија Џио – Универзитет во Тетово

Слободен е Вардар.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 5. КОЛО

14.00 Фит Фан Волеј – Младост УГД

14.30 Ускана – Јанта Волеј

18.00 Работнички – Наковски Волеј

18.00 Струмица – Вардар ЕМ

ПретходноШокантно: На само 22 години престана да игра фудбал од религиозни причини!
СледноПолувреме: Закариќ и Николовски за 2:1 за Вардар, шампионот води, со водство и Силекс и Шкендија! (ВИДЕО)