Ливерпул замина на плус пет

80

Тимот на Ливерпул и по ова 11 коло од Премиер лигата ќе биде лидер на табелата, но овојпат тоа ќе го прави со пет бодови предност.

„Редси“ го искористија денешниот кикс на Сити кој загуби од Брајтон и вечерва победија против Астон Вила во последниот дуел од денешната програма. Конечните 2:0, му донесоа на Ливерпул солидна предност на табелата која сега на Сити ќе му биде уште потешко да ја стигне.

Самиот меч тргна во правилна насока за домаќините затоа што Дарвин Нуњез погоди за водство во 20 минута. Мал пех за домаќинот во 25. минута кога се повреди Трент Александер Арнолд кој мораше да го напушти теренот.

Во вториот дел Астон Вила нешто се обиде да стори околу негативата но не успеа да реализира, па Мохамед Салах во 84. минута погоди за двојно водство и конечни 2:0.

Ливерпул е лидер со 28. бодови, додека пак Астон Вила, е осма со 18. бодови.

 

ПретходноЈуве го доби дербито на Торино
СледноКаква сензација: Крај на сезоната за Меси и Интер Мајами (ВИДЕО)