Во фудбалскиот свет има разни тренери. Од тие што мирно и без посебни надворешни емоции го следат мечот, ама внатре во себе “вријат“, до тие што во секој момент можат да избувнат и да направат нешто лудо па потоа ќе станат славни на социјалните мрежи.
Меѓу овие вториве и дефинитивно припаѓа Пеп, ама не Гвардиола, туку Клотет, инаку тренер на Триестина кој е Шпанец.
Во 34.минута неговиот играч направи груб старт и беше исклучен. Следуваше “шоуто“ на Пеп, кој го сочека исклучениот играч на пат кон соблекувалната и просто ќе го “убиеше“.
Овој меч со Џиана Ерминио во Серија Ц екипата на Триестина го загуби со 0:1 и тоа со примен гол во 87.минута. Јасно е дека еден од клучните фактори за поразот беше црвениот картон во 34.минута.
Нема што, луд тренер, кој сепак претпоставуваше што ќе се случи.
Погледнете го видеото и ќе ја видите лудоста на Пеп Клотет:
This might be it for Raimonds Krollis in Triestina. This is sad to see.
Triestina manager Pep Clotet has been with the team for only three weeks.pic.twitter.com/LXouk0loA9
— Latvian Footy in English. 🇺🇦/🇱🇻 (@LV_footballnews) November 8, 2024