Мусиала го чува Баерн, Бохум извлече бод од шампионот (ВИДЕО)

73

Со својот петти гол сезонава во Бунделсигата, Џамал Мусиала му обезбеди минимална победа на Баерн (М) на гостувањето кај Ст. Паули во мечот од 10. коло на германксата бундеслига. Клучен беше потегот на Мусиала во 22. минута (0:1) со кој беше отворен резултатот на средбата, кој подоцна се покажа и како конечен.

Шампионот Баер (Л) иако имаше минимално водство од 0:1 на гости кај Бохум до пред самиот крај на мечот, не успеа да дојде до трите бода на ова гостување. Домашните со голот на Мијоши во 89. минута израмнија за конечни 1:1, откако претходно „фармацевтите“ поведоа со голот на Шик во 18. минута (0:1).

Мајнц дојде до голема победа над Борусија (Д) од 3:1, додека Вердер во послендите минути од средбата со Холштајн кил погоди за победа од 2:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноАлонсо ги нападна Пирели: Гумите за дожд ви се катастрофа!
СледноФулам добар против Палас, Волфси со победа против Саутемптон