Нова, фантастична, чудесна партија на најдобриот кошаркар во светот.Зарем треба да се каже кој е тој? Се разбира дека тоа е Никола Јокиќ!
На утринскиот меч меѓу Денвер и Мајами, Србинот со нов трипл-дабл и тоа 30 поени, 11 скокови и 14 асистенции. И кога игра Јокиќ вака монструозно, тогаш јасно е дека Денвер победува, како и сега со 135:122.
Па така сега СУПЕР – ЈОКИЌ е на три чекори до историја. Ова е негов 135 трипл-дабл во кариерата во НБА, со нови три ќе се израмни со легендарниот Меџик Џонсон, а со четири ќе биде најдобриот кошаркар во историјата во НБА по оваа статистика.
И Лука Дончиќ постигна 30 поени, и тој играше одлично, но сепак недоволно Далас да слави против Феникс кој победи со 114:113.
На останатите мечеви кои се одиграа утринава по наше време, беа постигнати следните резултати.
Шарлот – Индијана 103:83, Детроит – Атланта122:121, Орлано – Њу Орлеанс 115:88, Бостон – Бруклин 108:104, Кливленд – Голден Стејт 136:117, Њујорк – Милвоки 116:94, Мемфис – Вашингтон 128:104, Оклахома – Хјустон 126:107, Минесота – Портланд 127:102, ЛА Лејкерс – Филаделфија 116:106, Сакраменто – ЛА Клиперс 98:107.