Реал Мадрид инсистира Карло Анчелоти да му даде повеќе минути на младиот турски репрезентативец Арда Ѓулер.
Според весникот „Mарка“ кој има добри извори во „кралскиот клуб“, мадридскиот клуб не бара Анчелоти да стартува со 19-годишниот Турчин, но никако не може да се сложи со неговото постојано греење на клупата.
Самиот Ѓулер изјавил дека не му е јасно зошто Анчелоти не му верува, но трпеливо чека да ја добие шансата. Играчот од средниот ред одигра само 11 минути на последните четири натпревари во Ла Лига.