ПМФЛ: Вардар VS Шкупи во битка за Скопје!

187

Во рамките на 14.коло во ПМФЛ, денеска во 13 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје се игра големото дерби во мак – фудбалот меѓу Вардар и Шкупи. Ова ќе биде пресметка за тоа да се покаже кој е подобар во моментов, но ова ќе биде и битка за Скопје.

Вардар ќе биде “подновен“ со враќањето на клупата на Гоце Седлоски, на шампионскиот тренер кој на Вардар пред неколку години му донесе бројни титули, и како директор Седлоски му носеше титули на нашиот најтрофеен клуб. Денеска Седло со своите вардарци ќе се соочи со својот некогашен клуб на кого во сезоната 2021/22 му донесе титула во ПМФЛ.

Во секој случај ќе биде супер интересно денеска на скопската пресметка. Познато е во каква ситуација се наоѓа Вардар, секој бод на овој тим и тоа како му е неопходен. Во случај на победа, тогаш некои работи и тоа како ќе тргнат во позитивна насокана резултатски план. Со Седло на клупата тоа е можно.

Објективно и Шкупи не блеска оваа есен. Чаирчани имаат добар тим, но го немаат тој потребен победнички ритам па затоа се далеку, далеку на табелата од екипите кои се на врвот или при врвот.

May be an image of 6 people, people playing soccer, people playing football and text

Ќе видиме по овој дерби меч дали Скопје ќе биде “обоено“ во “црвено – црно“ или “сино – бело“.

Што се однесува до традицијата, барем од периодот кога клубот од Чаир се вика Шкупи, овие два скопски тима одиграле 27 официјални мечеви и Вардар е поуспешен со 11 победи, 8 ремија и 8 порази. Од друга страна на последните неколку мечеви Шкупи бил тој што обично се радувал.

ПретходноПМФЛ: Шампионот на мегдан со лидерот, на Тиквеш му “гори“, Силекс сака нова победа!
СледноЏонов пред Литванија: Мора да бидеме претпазливи и фокусирани!