Денеска се одиграа сите шест средби од 14.коло во ПМФЛ. Битката за Скопје ја доби Вардар и тоа со 3:2.Супер деби на Гоце Седлоски на клупата на Вардар, освоени се големи три бода, ова е трет триумф на вардарци во сезоната. Интересен, одличен меч видовме на Арената,со многу шанси, со голови и со победа на Вардар на крајот.
Канда рано му донесе водство на Шкупи, Закариќ и Николовски стрелаа за пресврт.
Во второто полувреме Вардар го контролираше мечот, сепак Ибиши стрела за 2:2, но Мицевски во 84.минута му носи победа на Вардар.
Работнички во Струга ТЛ го доживеа првиот пораз. Шампионот со 1:0 и тоа со голот на Кехинде успеа да освои три голема бода во битката за титулата.
Голеада под Шара, Шкендија со 4:3 успеа да ја порази Брера. Одличен, интересен, супер меч за наши услови, сепак тетовси слават три бода и лидерска позиција на табелата.
Силекс си гази, славеше и против Пелистер со 1:0 со прекрасниот гол на Додев за нови три бода. Кратовци и тоа како атакуваат кон титулата, барем така играат вио последно време.
Гостивар ја декласира Воска на Маџари и тоа со 4:0. Интересно, сите четири гола паднаа во второто полувреме. Алдаир, Диата и двата гола на Симоновски, тоа се стрелците за Гостивар за убедлива победа.
Тиквеш и натаму без гол, и натаму без победа, попладнево одигра само 0:0 против Беса.
РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО
ГОСТИВАР – ВОСКА 4:0
(Алдаир 55., Диата 83.. Симоновски 88., 90./)
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 4:3
(Шаља 13., Ф. Рамадани 28., Адеми 53., Крстевски 67./Ристовски 44., Ивковиќ 52., (п) 77.)
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Додев 5./)
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1:0
(Кехинде 34./)
ТИКВЕШ – БЕСА 0:0
ВАРДАР – ШКУПИ 3:2
(Закариќ 30., Николовски 40.,Мицевски 84./Канда 10., Ибиши 76.)