Полувреме: Закариќ и Николовски за 2:1 за Вардар, шампионот води, со водство и Силекс и Шкендија! (ВИДЕО)

435

Завршија првите полувремиња од шесте мечеви од 14.коло кои се играат попладнево. На Арената во Скопје, Вардар и Шкупи играат 2:1.

Чаирчани подобро го отворија овој меч, Канда уште во 10.минута за водство од 0:1. Сепак пресврт, прво Закариќ со шут од 30 метри од слободен удар, топката удри во живиот ѕид и влезе во мрежата за 1:1, за да потоа Николовски во 40.минута Николовски, кој влезе место повредениот Босанчиќ, стрела за 2:1 за радост на Арената. Добар Вардар под водство на старо – новиот стратег Гоце Седлоски.

Водство имаат и Силекс против Пелистер со прекрасниот гол на Додев, Струга ТЛ води против Работнички со голот на Кехинде, а Шкендија води со Брера со 2:1.

Без голови првото полуврем на мечевите Гостивар – Воска и Тиквеш – Беса.

ПретходноДерби на есента: Шампионот попладнево гостува во Штип
СледноЛуд тренер: Кога Пеп, ама не Гвардиола, ќе се налути! (ВИДЕО)