Екипата на Ред Бул Лајпциг предмалку на домашен терен одигра само 0:0 во мечот против Борусија Менхенгладбах, а овој исход секако дека се смета за кикс со оглед на шампионските амбиции на клубот.
Мечот не мина во доминаци на домашните, напротив, и гостите имаа свои моменти, и имаа дури 14 удари кон противничкиот гол.
За нас пак вредно за споменување е фактот што Елиф Елмас повторно не доби минутажа, односно го преседа целиот меч на клупата за резерви. Ова е во континуитет ситуација која што за Елмас мора да се промени, затоа што тој во моментов е тотално вон форма.
Лајпциг го освои 21. бод сезонава, додека Гладбах застана на 14.