Голем скандал ја “тресе“ Хрватска, поточно кошарката во оваа земја. Имено синоќа на дербито во елитната лига во Шибеник, меѓу домашната Шибенка и Динамо, непосредно по завршување на средбата дојде до невидена тепачка на паркетот во салата во родниот град на Дражен Петровиќ.
Не се знае кој кого удрира, страстите зовреа, навистина срамно како што може да се види од видеото.
Инаку ова дерби му припадна на тимот на Шибенка која славеше со 82:75, сепак се мина во сенка на хаосот кој што се случи по мечот.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) November 9, 2024