И после некој ќе каже дека не е до тренерот! Е, па, до тренерот е, и тоа како!
Денеска на Арената во битката за Скопје, која ја доби Вардар со 3:2 против Шкупи, видовме, за првпат оваа сезона, стабилен Вардар, квалитетен Вардар, разигран Вардар кој знае што сака и кој знае како да дојде до тоа што го сака.
Гоце Седлоски иако со тимот одработи само неколку тренинзи веднаш им го смени „чипот“ на играчите на Вардар. Па така денеска беа неверојатно борбени, беа паметни, и на крајот славеа голема победа против еден силен тим како што е Шкупи. Веројатно ова ќе биде пресвртница во сезоната за нашиот најтрофеен клуб.
Со овие три бода Вардар почна да се “одлепува“ од самото дно на табелата, а по денешното 14.коло сега Шкендија е лидер, со ист број бодови како и Гостивар и Силекс, додека Работнички кој до пред некој час беше лидер, денеска беше за првпат поразен сезонава, сега е на 4.место.
Еве како изгледа табелата по 14.коло: