Единаесеттото коло во Премиер лигата попладнево продолжи со четири дуели на кои резултатите се реални.
Фулам ја продолжи агонијата на Кристал Палас сезонава и обезбеди победа на гости со 0:2, со головите на Смит Роу и Вилсон.
Од друга страна пак, меч со најмногу голови беше оној во кој Брентфорд го победи Бормнут на свој терен со 3:2. Гостите преку Еванилсон поведоа во 17. минута, Виса изедначи на 1:1. Дамсгард на стартот на вториот дел му донесе водство на домаќинот, за да Виса со својот втор гол го однесе Брентфорд на плус два.
Вулверхемптон го „докусури“ Саутемптон и го „дозакова“ на последната позиција на табелата со триумфот од 2:0, дело на Серабла односно Чунха.
Конечно, Вест Хем не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра само 0:0 со Евертон.