Ламине Јамал, па и Барса, секако и фудбалскиот свет треба да му бидат вечно благодарни на Чави Ернандез, на човекот кој со едвај 16 години му даде шанса да игра за Барселона. По нешто повеќе од една година сега Јамал е еден од најдобрите, можеби и најдобриот фудбалер во светот иако има само 17 години и пет месеци.
„Фантастичен е, според мене тој во наредните 15 години ќе биде најдобриот фудбалер во светот“вели Чави за Јамал.
Инаку легендата на Барса, кој беше тренер до пред извесно време, објасни како слушнал за Јамал и како тоа му дал шанса:
“Кога се вратив во Барса од Ла Масија ми кажаа дека има едно дете со 14 години, по потекло од Мароко, кое е фантастично. Секако дека го следев, потоа го повикав да работи во првиот тим, а секако дека доби и шанса која максимално ја искористи. Мене најмногу ме импресионира кај него тоа дека не чувствува никаков притисок. Убаво се сеќавам на неговото деби. Додека се спремаше да влезе во игра јас му кажував што треба да прави, а тој беше само фокусиран. За разлика од останатите дебитатанти, кај Јамал не се виде никаква трема, како до тој момент да имаше одиграно стотина мечеви за Барса. Секогаш е скромен и насмеан“ рече покрај другото Чави за Јамал.