Кошаркарите на Шкупи ја остварија втората сезонска победа во Првата лига, откако во докрај неизвесен меч славеа на домашен терен против екипата на Тиквеш со 85-82. И двата тима имаа свои шанси на мечот, но во 10-те поени предност со кои Шкупи влезе во последниот период се чини беа пресудни.
Тиквеш на крајот на првиот дел имаше негатива од само еден поен (41-40), но во третиот период Шкупи одигра најдобар дел од мечот и успеа да ја најави победата.
Вилијамс постигна 21 поен за домашните, додека кај Тиквеш Грин со 26 поени беше најефикасен.