Јуве го доби дербито на Торино

72

Тимот на Јувентус без поголеми проблеми успеа да прокнижи нова победа сезонава. Овојпат во прашање е дербито на Торино против истоимената екипа, меч кој Јуве го доби со конечни 2:0.

Доминацијата на Јувентус започна уште во 18. минута од мечот кога за стартно водство погоди Тимоти Веа. Иако во меѓувреме имаа уште неколку ситуации да гол, сепак, водството играчите на Јувентус го удвоија дури во самиот финиш на мечот односно во 87. минута кога погоди Кенан Јилдиз.

По ова 12. одиграно коло во Серија А, Јувентус веќе има собрано 24 бодови, и во моментов е на делба на третото место. Наполи и Интер имаа по поен помалку, но и меч помалку секако, затоа што овие екипи дури утре ќе го комплетираат ова коло. Торино остана на своите 14 поени.

 

ПретходноЈамал под знак прашалник за гостувањето кај Реал Сосиедад
СледноЛиверпул замина на плус пет