Од оваа сезона: Скијачите во спуст и супер-џи ќе мора да носат воздушни перничиња!

99

Почнувајќи од оваа сезона во Светскиот куп во алпско скијање, употребата на воздушни перничиња ќе биде задолжителна за сите скијачи кои се натпреваруваат во брзинските дисциплини, спуст и супервелеслалом. Одлуката е потврдена од Советот на Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС) на онлајн состанок вчера.

Националните скијачки асоцијации може да дозволат исклучоци во случај воздушното перниче да не одговара на спортистот, така што го ограничува неговото движење или претставува преголем ризик за здравјето и безбедноста на спортистот.

„Безбедноста на спортистот е на прво место и не може да се преговара“, вели генералниот секретар на Фис, Мишел Вион.

„Тоа беше на врвот на нашата агенда. Воведувањето на воздушни перничиња е дел од поширокиот пристап кој ги вклучува сите фактори кои можат да го намалат ризикот од сериозни повреди. Никој не сака повреди. По сезоната анализиравме зошто се случија некои инциденти и презедовме мерки. Од оваа година во брзите дисциплини ќе биде задолжително користење на воздушно перниче, кое го штити целиот предел околу вратот, градите и ‘рбетот, но не и колената. Се надевам дека со задолжителното користење на воздушното перниче ќе има помалку повреди во горниот дел од телото“, вели Вион.

ПретходноПотврдено: Едер Милитао ги скина лигаментите
СледноХајдук не го искористи киксот на Динамо Загреб