Завршија првите полувремиња од шесте мечеви од 14.коло кои се играат попладнево. На Арената во Скопје, Вардар и Шкупи играат 2:1.
Чаирчани подобро го отворија овој меч, Канда уште во 10.минута за водство од 0:1. Сепак пресврт, прво Закариќ со шут од 30 метри од слободен удар, топката удри во живиот ѕид и влезе во мрежата за 1:1, за да потоа Николовски во 40.минута Николовски, кој влезе место повредениот Босанчиќ, стрела за 2:1 за радост на Арената. Добар Вардар под водство на старо – новиот стратег Гоце Седлоски.
Водство имаат и Силекс против Пелистер со прекрасниот гол на Додев, Струга ТЛ води против Работнички со голот на Кехинде, а Шкендија води со Брера со 2:1.
Без голови првото полуврем на мечевите Гостивар – Воска и Тиквеш – Беса.