Потврдено: Едер Милитао ги скина лигаментите

132

Голем, огромен проблем за тимот на Реал Мадрид. Денеска серијата на порази беше прекината со победата над Осасуна до 4:0, во рамките од новото коло во Примера, но триумфот останува во сенка на повредата на Едер Милитао. Тој ги скина лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена.

Најцрните сценарија околу повредата на Милитао се остварија, а ситуацијата уште од првиот момент се виде дека е екстремно сериозна.

Ова е втора тешка повреда за овој играч откако и минатата сезона речиси цела ја пропушти поради кинење на лигаментите на левото колено.

Повреди на натпреварот против Осасуна заработија и Родриго и Васкез, па Реал како клуб дополнително ќе објави соопштение за нив во текот на вечерта, или најдоцна утре.

 

ПретходноВиљареал рутински со Алавес
СледноОд оваа сезона: Скијачите во спуст и супер-џи ќе мора да носат воздушни перничиња!